About Gemak

Историјат

Гемак Трејд е приватно трговско претпријатие основано во 1991 година. Започнува со трговија, увоз и дистрибуција на електрични апарати и потрошувачки добра, како и акцизни производи вклучувајќи и duty free бизнис во периодот од 1991 до 1994. Во тоа време Гемак отвара и продажна мрежа на престижни продавници низ Скопје. Со затворањето на DFS во 1994, Гемак се реорганизира во дистрибутерска куќа фокусирана на домашниот пазар, за производите од реномирани од познати светски фирми кои самостојно ги увезува. Во 1997 се здобива со ексклузивитет за увоз и дистрибуција на истите, и со нив и денес успешно работи. Гемак во 2001 отвара својa сестринска фирма и во Приштина. Гекос, претставништвото на Гемак на Косово, се занимава со дистрибуција на истите брендови кои се дистрибуирани во Македонија.

Денес

Гемак траде во моментот е една од најголемите дистрибутерски куќи во земјата и работи со неколку прграми на светски познати производи .

Во моментов вработува над 80 високо мотивирани кадри поседува канцелариски простор во центарот на Скопје, 800м2 на магацински простор и мрежа на сопствени возила кои се користат во секојдневната дистрибуција на производите.

Освен по тоа што е познат по својата техничка спремност и инфраструктура за дистрибуција, Гемак се смета и за една од ретките фирми во земјата кои се познати по градењето и развивањето на популарноста артиклите кои ги застапува и продава.

Во текот на изминатиот период Гемак покажа и високо ниво на општествена свест и свесност за помош и развој на заедницата преку својот придонес за развојот на бизинисот, културата и спортот во Македонија.

Менаџмент

  • Управител- Енвер Малиќи
  • Извршен директор – Алтин Малиќи
  • Генерален директор- Самир Малиќи
  • Маркетинг директор, односи со јавност и кадрови прашања-Радмила Павловска
  • Финансов директор -Ирена Спасовска

Различните дејности на компанијата се ивршуваат во неколкуте сектори- за пијалоци, за тутунски производи, за мобилна телефонија, останати производи за угостителство, градежништво и логистика со администрација. Ваквата организациона структура најмногу и најефикасно може да ги постигне целите на компанијата. Меѓутоа, вистинската вредност на фирмата, е тимскиот дух кој го имаат сите вработени кои се горди на начинот на кој функционираат и на својот мултиетнички состав.

Членства во асоцијации, комори и здруженија

  • Стопанска комора на Македонија
  • Сојуз на стопански комори на Македонија
  • Стопанска комора на северо-западна Македонија
  • Американска стопанска комора
  • Британска бизнис групација
  • М6 бизнис групација
  • ЕУ бизнис форум
  • Индивидуално членство на менаџерите во Ротари клубови, Невладини организации и останати сервис клубови

Мисија

Ги приближуваме нашите брендови поблиску до потрошувачите

Вредности

Успехот произлегува од луѓето- Ги вработуваме луѓето поради своите ставови а ги едуцираме за нивните вештини.

Визија

Обезбедување на постојан двоцифрен раст

СЛИКИ – ЕНВЕР, АЛТИН, САМИР, ИРЕНА, РАДМИЛА

СЛИКА- ЦЕЛ ТИМ